Манчестер Јунајтед – Ливерпул 42:41 или 44:44 во трофеи?

Бројот на трофеи е доста фина тема за расправии меѓу навивачите кои се докажуваат кој тим е најјак на тоа поле. Во пракса тие можат да се бројат по два параметри: освоени и признаени, каков што е примерот со Скудетата на Јувентус кој има освоено 34, ама му бројат 32.

Манчестер Јунајтед славеше 3:2 против Саутемптон во финалето од Лига Купот по што многу медиуми пишуваа и му честитаа за тоа што успеале да го надминат рекордот на Ливерпул и да станат најтрофеен англиски клуб во историјата.

Подвигот е секако доста значаен и историски за англискиот фудбал, но откако решивме и ние да напишеме збор два на таа тема наидовме на конфузија од бројки.

Реномираниот Гол.ком објави дека Манчестер Јунајтед го сруши рекордот на Ливерпул и го води со 42:41. Покрај петтиот трофеј во Лига Купот ги набројува уште и:

А Дејли Мејл пишува дека резултат е 41:41.

Ако ги посетите официјалните веб сајтови на Манчестер и Ливерпул, како и нивната богата база на податоци на Википедија ќе изброите сосема поинаков резултат, а тој  е 44:44. Во детали тоа оди вака:

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Првенство – 20
ФА куп – 12
Лига куп – 5
Лига/Куп на шампиони – 3
Куп на победници на купови – 1
Светско клупско првенство – 1
Супер Куп на Европа – 1 (Не се брои)
Интерконтинентален Куп – 1 (Не е признат од ФИФА)
Вкупно: 44

ЛИВЕРПУЛ
Првенство – 18
ФА куп – 7
Лига куп – 8
Лига/Куп на шампиони – 5
Куп УЕФА/Лига Европа – 3
Супер Куп на Европа – 3 (Не се бројат)
Вкупно: 44

На 27 јануари годинава ФИФА објави дека освоените трофеи од Светското клупско првенство официјално ги брои од 2000-та откако во тоа натпреварување учествуваат шампионите на сите шест континенти. Јунајтед го освои пехарот во 1999-та кога ова натпреварување го носеше старото име Интерконтинентален клуб и кога форматот беше поинаков, победникот на Лига на шампиони против победникот на Копа Либертадорес.

Другиот спорен трофеј е Супер Купот на Европа за кој не можевме да најдеме информации зошто не се брои како официјален трофеј и по се изгледа се смета како ревијален натпревар меѓу победниците на ЛШ и ЛЕ.

Кога ќе се изземе и тој трофеј кој Манчестер Јунајтед го има освоено еднаш, а Ливерпул три пати изгледот на конечниот резултат за кој денеска сите пишуваат е 42:41.

Дали е тоа неблагодарно или може да се каже дека е само предмет на убедување. Трофеите се практично освоени на терен и никој не може да им ги одземе, но оние кои ги создаваат правилата во фудбалот го имаат последниот збор околу тоа што се води како официјално натпреварување.

Ако направите анкета меѓу навивачи на Јувентус со прашањето колку титули има освоено нивниот омилен тим сите ќе ви одговорат 34, но во официјалните статистики за Серија А стои 32.

Доказ за тоа дека Ливерпул ги почитува правилата на ФИФА и УЕФА и нема намера да се докажува околу бројот на трофеите е промената на текстот на официјалниот Твитер профил.

На сајтот на УЕФА не успеавме да најдеме аргумент зошто Супер Купот на Европа не се брои како официјален трофеј, но затоа најдовме уште еден извор каде тој трофеј не се споменува во споредбата меѓу големите ривали.

„Мојот најголем предизвик не е што ќе се случи во моментов, туку да го симнам Ливерпул од престолот. Можете така да напишете“, изјавил Алекс Феркусон, кога го назначиле за тренер во Манчестер Јунајтед во 1986 година.

Тој предизвик го доживеа, но не како тренер, туку како дел од раководството на клубот. 

27 февруари 2017 - 13:15