Македонија се спаси од пораз во Талин

Македонската фудбалска репрезентација не ја оправда фаворитската улога против Естонија, 108-ма на рангот на ФИФА и среќа што стигна до реми со оглед на тоа што на 10 минути до крај губеше 3:1. Трајковски промаши пенал.

По целата таа еуфорична ноќ со зурли и тапани пред три дена после победата против Косово, нашиот национален тим како да не беше тука со паметот и одигра слаб меч против една од најслабите европските селекции.

Во овој згуснат распоред со три натпревари за седум дена во Лига на нации, Ангеловски се реши за целосна рокада во составот и направи дури 8 измени во однос на мечот со Косово. Но тоа не му донесе ни игра ни резултат.

Мечот почна во наша корист затоа уште по само 3 минути игра Естонија си даде смешен автогол преку Куск.

Но во 33-та минута следуваше убава акција на домаќинот кој многу лесно со дупли пас ја надигра заспаната одбрана.

Во второто полувреме во 61-ва минута Естонците стигнаа до целосен пресврт откако поведоа преку Сапиен.

Македонија испушти брзо да се врати резултатски, но Трајковски по 7 минути промаши пенал и ја погоди пречката, а Естонците не ја пропуштија истата можност и ја зголемија предноста од белата точна на 3:1 во 76-та минута.

Мрме реагираше и после Барди на стартот на второ, во игра го внесе и дуото Пандев - Несторовски. Капитенот ја размрда играта и следуваше иницијатива која резултираше со два гола. Најпрвин самиот Пандев даде убав гол на прва на асистенција на Ристовски,

А Зајков во 88-та минути ги постави конечните 3:3.

Нашите сега имаат 5 бода исто колку Грузија која денеска ремизираше со Ерменија на гости и во среда во 20:45 во Скопје токму против Грузијците ќе одигра важен меч во борбата за првата позиција. Тоа воедно ќе биде и контролен меч и мерење на силите затоа што токму против истата селекција на 12 ноември на гости ќе биеме битка вредна пласман на ЕП.