Македонија - Косово ќе оди на МТВ

Иако за редовните посетители на Градски ова не е за утеха (глупа корона, ќе крцаше стадионот), сепак по три години пауза МТВ на својот прв и трет канал ќе пренесува натпревар на македонската фудбалска репрезентација и тоа еден од најважните во историјата, а тоа е полуфиналето од Лига на нации.

Место на Спортклуб кој ги има тв правата за Лига на нации и редовните квалификации, барем овој пат ќе гледаме фудбалски пренос на нашиот сервис кој пријатно нè изненади со најавата. Значи в четврток пуштајте на МТВ 1 во 20:35. Бркаме победа за да играме во финалето против подобриот од дуелот Белорусија - Грузија на гости на 12 ноември и со тоа се разбира историски пласман на ЕП 2021.

Атмосферата на Блаце

7 октомври 2020 - 15:28