Македонија е 75-та фудбалска земја во светот

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од едно место на најновата ранг листа на ФИФА.

На најновото мартовско рангирање на ФИФА, нашата селекција падна од 76-то на 75-то место, а пред нас се Сирија, Палестина, Узбекистан, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Саудиска Арабија...
 
Избраниците на Игор Ангеловски кои имаа рекорден скок минатата година, овој месец ќе имаат нова можност за напредок, бидејќи ќе одиграат две пријателски средби на неутрален терен во Анталија.
 
На 23-ти се среќаваме со Финска, инаку 68-ма фудбалска сила во светот, а на 27-ми следува дуелот со Азербејџан кој е рангиран како 127-ми.
 
На врвот и натаму е Германија пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Шпанија, Швајцарија, Франција и Чиле.