Македонија бележи мал пад на ФИФА ранг листата

По двете пријателски средби во Анталија на кои не забележавме победа, фудбалерите очекувано клизнаа на рангот на ФИФА.

Македонската фудбалска репрезентација падна за едно место на најновото рангирање на ФИФА и во моментов е 69-та фудбалска земја во светот.

Назадување на светската ранг листа се случува после ремито против Молдавија и поразот од Црна Гора.

Инаку едно место зад нас е токму Црна Гора која има напредок од две позиции, а пред се Гана, Обединети Арапски Емирати, Албанија...

Лидерската позиција ја држи светскиот првак Аргентина, втора е Франција, а сега трета е Белгија, која си го замени местото со Англија, која падна на четврто место.

Во топ 10 сè уште и Бразил, Португалија, Холандија, Шпанија, Италија и Хрватска.

Интересно, Русија нема право да игра официјални натпревари, но ја има на рангот на ФИФА и со напредок од три позиции се наоѓа на 35-то место.

Последна фудбалска земја во светот е Сан Марино на 210-та позиција.