Мајсторски слободен удар на Меси за Аргентина, голманот не мрдна

Аргентина го совлада Еквадор со 1:0 во квалификациите за СП 2026. Ново шоу на Меси кој израмни рекорд на Луис Суарез.

Актуелниот светски првак го одигра првиот квалификациски натпревар за следниот Мундијал 2026 кој се игра во САД, Мексико и Канада.

Го реши Лео Меси со прекрасен слободен удар во 78-та минута за победа над Еквадор од 1:0 и големо славје на Монументал во Буенос Аирес.

Со овој погодок, ѕвездата на Мајами стигна до 29 голови во јужноамериканските квалификации за СП, со што се израмни со Луис Суарез.

Статистичарите му изброија дека по бројот на слободни удари се израмнил со неговиот газда Бекам.

Во второ коло, Аргентина на 12 септември и гостува на Боливија.

8 септември 2023 - 09:19