Мајмунката на Барселона нема да стапне на стадион

Само оваа жена навивачка веројатно не ја сфатила пораката со бананата на Дани Алвеш.

Овој случај со расизам овој пат нема врска со некој фудбалер на Барселона, туку со нивни вработен човек. На второлигашки натпревар во Шпанија помеѓу екипите на Лиагостер и Расинг Сантандер, навивачката е фатена на дело за кое скапо ќе плати.

Во друштво на неколку малолетни деца таа прави мајмунски гест, наменет за фудбалерот на Расинг, Мамаду Коке кој самиот го осуди инцидентот и сликата од глупачата ја стави на Твитер.

Претставниците на домашниот клуб му се извинија на играчот од Брегот на Слоновата Коска, а навивачката доби доживотна забрана за сите домашни натпревари на Лиагостеа.

Таа го загуби и работното место во музејот на Барселона. 

19 мај 2014 - 19:14