ЛЕ: Сите пресврти на Интер низ историјата

За да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на Европа, фудбалерите на Интер треба вечерва да ја анулираат негативата од 3:1 против Волфсбург. Шест пати на сино-црните им успеало да направат целосен пресврт во европските натпреварувања.

Победа од 2:0 го води Интер во следната рунда од ЛЕ. Тежок, но не и невозможен предизвик за Нероаѕурите, кој токму во Купот на Уефа ги правеа најголемите пресврти во реваншот.

Најсвеж во сеќавањето на тифозите на Интер е двомечот со Тотенхем пред две години. На Вајт Харт Лејн Интер загуби 3-0, а реваншот го доби 4-1 и тоа не беше доволно за пласман понатаму, но Интер покажа дека знае да брка резултат кога игра дома.

ИНТЕР - ЛИВЕРПУЛ, 12.05.1965, 1/2 финале на Куп на шампионите

Овој натпревар се смета за мајка на сите пресврти во црно-сината историја. Во Англија, Интер загуби 3-1, а голот на Сандро Мацола го ублажи поразот. Во реваншот Интер одигра совршен натпревар и со головите на Корсо, Пеиро' и Факети се пласираше во финалето каде ја совладаа Бенфика на Сан Сиро 1-0.

ИНТЕР - АСТОН ВИЛА 3:0, 7.11.1990, реванш на 16-финале од Купот на Уефа

Освен што загуби 2:0 во Бирмингем, Интер буквално не знаеше каде се наоѓа против Астон Вила. Тогашниот тренер, Џовани Трапатони ги повика сите навивачи во реваншот да го преполнат Сан Сиро. По седум минути, Клинсман го отвори резултат, а следуваа и головите на Берти и Бјанки. Следуваше доминација во дуелите со Партизан, Аталанта, Спортинг и на крајот против Рома во финалето со два натпревари.

ЛИОН - ИНТЕР 1-3, 4.11.1997, реванш на 16-финале од Купот на Уефа

Миланскиот клуб загуби дома 1-2 (Џули, Кавеља и Ганц) и го чекаше тежок реванш во Франција. Со Џиџи Симони на клупата, Интер тргна по чудо на Жерлан и со головите на Мориеро (2) и Беноа Кое, се пласираа понатаму. Овој натпревар беше еден од најдобрите за Бразилецот Роналдо во дресот на Интер.

ИНТЕР - СТРАЗБУР 3:0, 9.12.1997 реванш на 1/8 финале од Купот на Уефа

И во следното коло Интер си го закомплицира животот, поразен 2:0 во Франција од Стразбур. Во реваншот на Меаца се свиреше друга музика, иако Роналдо промаши пенал после само 13 минути. Носталгичните Интеристи се сеќаваат на конечните 3:0 со головите на Роналдо, Занети и Диего Симеоне кои направија целосен пресврт.

До крајот таа сезона, Интер ги совлада Шалке и Спартак Москва, а на крајот во дербито против Лацио стигна до трофејот од Купот на Уефа.

ИНТЕР - ИПСВИЧ 4-1, 6.12.2001, реванш на 16-финале од Купот на Уефа

Поразени 1:0 на Островот, момците на Хектор Купер немаа проблем во реваншот, особено што генерацијата ја предводеа Бобо Виери, Мохамед Калон и одличниот Матео Серени. Во продолжение од мечот влезе и опоравениот Роналдо, па Интер на крајот го прегази Ипсвич 4-1. Патот до финалето заврши во полуфиналето.

БАЕРН МИНХЕН - ИНТЕР 2-3, 15.03.2011, реванш на 1/8 финалето од Лигата на шампионите

По грешката на Жулио Цезар на Сан Сиро, Баерн Минхен ќари 1:0 пред реваншот во Минхен. На Алијанц Арена, Интер го направи најголемото изненадување таа сезона и со головите на Ето, Снајдер и Горан Пандев ја анулираше предноста на Баерн Минхен. Оваа сезона беше по славната Триплета под водство на Жозе Мурињо.

Лига Европа плејоф:

Динамо Москва - Наполи 18:00
Рома - Фиорентина 19:00
Динамо Киев - Евертон 19:00
Ајакс - Днипро 21:05
Бешикташ - Клуб Бриж 21:05
Интер - Волсфбург 21:05
Севиља - Виљареал 21:05
Торино - Зенит Петерсбург 21:05