Куриозитетот на Роси, Алегри и Буфон

Фудбалските моменти од минатото и сегашноста понекогаш се испреплетуваат на многу неочекуван начин. Тоа е случај со Роси и Буфон кои викендов беа топ тема во Италија околу историскиот голмански рекорд кој е урнат по 22 години, а каде во двојна улога се наоѓа Алегри.

Голманот на Милан, Себастијано Роси не беше совладан 929 минути во Серија А и го држеше рекордот од 1994-та до вчера кога во четвртата минута од градското дерби Џиџи Буфон го сруши и стигна до нов рекорд од 974 минути без примен гол.

Кога го прашаа Роси која ти беше најтешката одбрана во тие 929 минути, тој одговорил: „Шутот на Алегри“. 8.507 денови подоцна неговиот рекорд го урива Буфон со Јувентус каде сега се појавува како тренер, а тогаш бил играч истиот Алегри.

И двајцата голмани имаа/имаат помош од светска класа на одбранбени играчи. Парадоксот е само тоа што Роси по магичната сезона со Милан која кулминирше со Скудето и Лига на Шампиони не беше повикан да брани на СП 1994.

„Со оглед на тоа што гледам дека за репрезентација се повикани многу играчи на Милан, пред сè во одбраната, се посомневав дека на некој сум му антипатичен“, изјави Роси.

Буфон пак е синоним за Италија за кој е доволно само да се каже еден податок. Тој е рекордер со 154 репрезентативни настапи.

Оваа сезона Јувентус успеа да остане совладан на 17 меча, а во најсилните европски лиги само Јан Облак со Атлетико Мадрид е подобар со 19 натпревари. Алегри во последните 8 кола од сезонава има шанси да го урне рекордот на Конте од сезоната 2011/2012 кога Јуве немаше ниту еден пораз и заврши со 21 меч без примен гол.

За време на 12-те рекордни средби, Буфон помеѓу голот примен од Касано и оној на Белоти од Торино собра 22 паради или 78,3% што е најдобар процент сезонава во Италија.

Тешко е во моментов да се најде друг играч со возбуда како онаа која ја има во себе Буфон кој 21 сезона е дел од Серија А и кој не се двоеше од Јуве дури и кога клубот беше казнет и исфрлен во втора лига. Во неговата блеската кариера фали уште да можеше да ја мине конкуренцијата во топ 5 лигите каде рекордот на минути без примен гол го држи Едвин ван дер Сар.

Според статистиката на ФИФА, голманот со најдолг период без примен гол е Переира Де Матос кој со Васко де Гама бил несовладлив 1.816 минути.

Реакцијата на Роси кога беше соопштен рекордот на Буфон за време на мечот Торино - Јувентус.

Роси имаше и некои фрки со дрога.

21 март 2016 - 14:53