Кристијано Роналдо е најдобар фудбалер зa 2014 година

Кристијано Роналдо застана рамо до рамо со Мишел Платини и Марко Ван Бастен, откако вечерва по трет пат беше избран за најдобар фудбалер вo светот во една календарска година. Голот на Хамес Родригез против Уругвај најдобар на годината.

На свечената церемонија во палатата Конгерсхаус во Цирих, вечерва Златната топка за најдобар играч во изминатата година ја доби Кристијано Роналдо, кој ги победи Лионел Меси и Мануел Ноер. Во конкуренција на Диего Симеоне и Карло Анчелоти, за најдобар тренер е избран Јоаким Лев, кој го освои златото со Германија во Бразил.

Португалецот претходно Златната топка ја освојуваше во 2009 и 2013 година.

Фудбалер на годината:
Кристијано Роналдо (Германија)

ФИФА тим во 2014. година:
Мануел Ноер - Филип Лам - Давид Луиз - Серхио Рамос - Тиаго Силва - Андрес Иниеста - Тони Крос - Анхел Ди Марија - Лионел Меси - Кристијано Роналдо - Арјен Робен

Најдобар тренер:
Јоаким Лев (Германија)

Најдобар тренер во женски фудбал:
Ралф Келерман (Волфсбург, Германија)

Награда Ференц Пушкаш за најубав гол во 2014:
Хамес Родригез (Колумбија)

Најдобра фудбалерка:
Надин Кеслер (Волфсбург, Германија)