Кражба на 7.500 пара патики од Леброн Џејмс

Робата е пронајдена во камион, а вредноста на новите модели на Најк е 1,5 милиони долари.

Полицијата во САД го уапсила Чарлс Џенингс, вработен во фирма за транспорт, кој бил фатен со камион во кој имало 7.500 пара патики од ѕвездата на Кливленд.

Џенигс ја искористил својата лична карта за да го помине безбедносниот систем на работа и скришно влегол во камионот во кои биле патиките. Неговиот план било да ги продаде за поголема цена поради тоа што сè уште не биле излезени во официјална продажба.

Компанијата Интермодал Картиџ Груп го пријавила камионот за исчезнат, а американската полиција го пронашла камионџијата по една недела, со 700 пара помалку.

Еден пар патики чини 200 долари, а нивното појавување на пазар ќе доцни.

12 декември 2014 - 16:32