Кралот кој 10 години не бил во финале на ЛШ, сега е близу тој натпревар

Манчестер Сити го сврте првиот полуфинален дуел со ПСЖ за само седум минути и од негатива 1:0 на крај славеше 1:2 па така стана фаворит за финале.

Пеп Гвардиола конечно се приближи до толку долго очекуваното финале на Лига на шампиони во кое не бил цели 10 години.

За многумина најдобриот тренер на сите времиња, до оваа сезона, секоја година имаше „проклето“ четвртфинале, скала која што не ја поминуваше дури 5 пати.

Два пати сензационално испаднаа од Монако во 2017-та и Лион минатата година. А имаа и две испаѓања од ривалите во Премиер лига, Ливерпул и Тотенхем.

Сити четвртфинале со Пеп Гвардиола поминуваше преку Гладбах и Борусија Дортмунд, а сега се на праг да го поминат и големиот ПСЖ. 

Ова полуфинале со Манчестер Сити е дури осмо во тренерската кариера и тој го држи рекордот со Жозе Мурињо.

Нема љубител на фудбалот кој не ја памети неверојатната Барселона под Пеп Гвардиола која го играше најубавиот фудбал во историјата.

Гвардиола уште во првата сезона како тренер на Барселона во 2008/2009 ја освои Лига на шампиони. Во финалето со 2:0 го совладаа Манчестер Јунајтед. Но пред тој меч за пехарот, се одигра едно скандалозно полуфинале. Сите го паметат кримонегоното судење на Овребо и пласманот на Барса со голот на Иниеста против Челси во 93' минута.

Следната сезона Барса во фамозното 1/2 финале со Интер (2:3 вкупен резултат) испадна од Лига на шампиони (Мурињо, Пандев, Ето и соиграчите). Во 2010/2011 Барса го освои трофејот повторно со Гвардиола. Овојпат во полуфинале го урнаа Реал Мадрид со вкупен резултат 3:1.

Уште едно лудо финале Пеп со Барса одигра против Челси кога испаднаа со вкупен резултат 3:2. Челси таа година го освои пехарот во големо финале со Баерн во Минхен на пенали. 

Со тој пораз од Челси во 2012-та година, почна серијата порази во полуфинале на Лига на шампиони за Пеп Гвардиола.

Стана тренер на Баерн Минхен со кого три пати во Лига на шампиони испаѓаше во полуфинале пред големиот меч за пехарот. Во ЛШ 2013/2014 со вкупни 5:0 ги декласираше Реал Мадрид (блесок на Кристијано Роналдо).

Во 2015-тга Баерн на првиот меч прими 3 гола од Барса на „Камп Ноу“, во реваншот во Минхен беа пред сензација кога дадоа 3 гола но и примија два. Во 2016-та Гвардиола ја заврши европската авантура со Баерн Минхен кога Атлетико Мадрид ги елиминираше во полуфинале поради гол на гости. 

Атлетико Мадрид стана единствен клуб кој го поминал Гвардиола во полуфинале на ЛШ а не освоил пехар (тоа им успеа на Челси, Интер и Реал Мадрид).

Интересно, паралелно со Гвардиола, таа сезона Манчестер Сити го играше првото полуфинале на ЛШ во историјата на клубот и испаднаа од Реал Мадрид. Автоголот на Фернандо беше единствен погодок во 180 минути фудбал на „Сантијаго Бернабеу“ и „Етихад“.

Во тоа време тренер на Сити беше Мауел Пелегрини кој во составот ги имаше Де Брујне, Стерлинг, Агуеро и Фернандињо (сите четворица и денес се во клубот), а ги имаше и Јаја Туре, Давид Силва, Венсан Компани и Џо Харт.

Манчестер Сити во средата за првпат во својата клупска историја постигна гол (Де Брујне) во така висок стадиум од Лига на шампиони).

Пеп Гвардиола е задоволен од резултатот на првиот меч но не се опушта:

„Постигнамве два гола на гости а можевме да постигнеме уште. Задоволен сум од играта но уште сме на пола пат. Пред нас не чекаат уште 90 минути. Јас бев среќен што видов тивка соблекувална после мечот. Никакво славје, само мир и спокој. ПСЖ е одлична екипа и која може сè да направи“.

Ние добро го почнавме мечот, но примивме гол откако попуштивме под притисок. За многу играчи ова беше прво полуфинале на Лига на шампиони и дечките сакаа да играат најдобро можно. На полувреме разговаравме кои сме и што сме, корегиравме мали детали кои зависеа од конкретни играчи. Од Борусија Дортмунд исто примивме гол па победивме. Вечерва пак. Во второ полувреме бевме свои. Ни тргна да ја играме нашата игра“, изјави Пеп Гвардиола кој е на прагот од прво финале на ЛШ после 10 години!