Конте безобразно со новинарка и со господинот Фабио Капело

Антонио Конте ниту со еден тим не поминал подалеку од четвртфинале во Лига на шампиони (Јувентус, Челси, Интер). На последните 15 меча во ЛШ, победил само на 3 а општата статистика во Европа му е: 12 победи, 11 нерешени и 11 порази.

Тренерот на Интер после мечот беше крајно нерасположен и нервозен. Никој не помисли дека клуб со толкав буџет и голем фонд на играчи на располагање може да испадне во групна фаза (3 години по ред не поминуваат групи).

Веднаш по дуелот, во микс-зоната Конте требаше да одговара на новинарски прашања кои од студиото на Скај Спорт обично ги поставуваат легендарните Капело, Костакурта, Дел Пјеро, Амброзини и др.

Ама некогашниот тренер на Јувентус и Челси и селектор на Италија се понесе крајно безобразно со новинарката и водителка на емисијата, Ана Било.

Прво прашање постави Фабио Капело: „Не видов дрскост од некој што мора да победи по секоја цена, ти беше и играч и сега си тренер, знаеш за што зборувам“.

Но Конте крајно непрофесионално го премолче одговорот и не изусти ни збор. Буквално го скокна прашањето на легендарниот тренер и промрмори: „Немам што да одговорам“.

Следеше потпрашање од водителката Ана Било': „Дали ова може да се смета за чекор наназад во Европа и во однос на играта?“ Конте ѝ одговори: „Денес Шахтјор го усоврши нивниот систем на игра што за нив е како Оче Наш, секој пат против нас ја усовршуваат нивната игра, помислете пред да поставите прашање“.

Повторно прашање постави Фабио Капело, сосема легитимно: „Немавте ли план Б? Во случај нешто да не оди како треба“?

Конте му рече: „Имавме план Б ама не го кажуваме јавно зошто ќе ни го проучат и ќе не уништат“, додаде и замина од микс-зоната.

Многу италијански новинари и јавни личности го осудија ваквиот дрзок и непрофесионален однос на човекот кој имаше богата играчка и уште побогата тренерска кариера, освои титули со Јувентус, со Челси, беше селектор на Италија на Европско првенство и има годишна плата од 12 милиони евра со што е еден од тројцата најскапо платени стратези во Европа.

10 декември 2020 - 10:41