Кога навивачите на Звезда се поголеми Руси од Русите

На 5. септември Спартак Москва доби нов стадион, а на отворањето гостуваше белградска Црвена Звезда. Со нив дојдоа и Делиите.

Со натпреварот и официјално беше отворен стадионот „Откритие Арена“, на кој ќе се играат и натпреварите од Светското првенство 2018-та. На трибините беше и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Меѓу реквизитите што со себе ги носеа Делиите имаше и голем банер со грбот на тн. Република Донбас, еден од спорните региони во Украина кој про-руските борци сакаат да го припојат со Русија.

Ова воопшто не им направи мерак на навивачите на Спартак, „Фратрија“ кои по натпреварот објавија официјално соопштение во врска со случајот, објаснувајќи дека нема да толерираат политичка пропаганда на нивната трибина. Тие пишуваат дека за за нив "важни се само Спартак, Москва и ништо друго." Едно од објаснувањата за ваквиот потег на Делии, може да е и желбата да им се оддолжат на колегите од „Фратрија“ кои на секој натпревар вадат банер „Косово е Србија."

Од друга страна можното објаснување за дистанцирањето е тоа што „Фратрија“ има братски групи и во Украина, заради што за тамошниот конфликт имаат неутрален став.

18 септември 2014 - 16:30