Ќе направи ли Феенорд од готово вересија како Ајакс лани

Целата сезона лани Ајакс беше прв во Ередивизија, за во последното коло да влезе со исто бодови како ПСВ. На крајот ремизираа дома со Де Графшап а ПСВ го победи Цволе на гости и на неверојатен начин стана шампион. Сега Ајакс го брка Феенорд пред последното коло.

Градот Ротердам цели 18 години чека шампионска титула. Цели 18 години бело-црвените гледаа како Ајакс и ПСВ ја трчкаа шампионската трка.

Сезонава им дојде и нив редот. Феенорд од почетокот на календарската година до денес е прв на табела, имаше и по 9-10 бода предност, но сами се криви што ги оставија навивачите да се тресат до самиот крај.

Тимот воден од Џовани Ван Бронхорст (некогашниот лев бек на Арсенал и Барса) во неделата беше декласиран со 3:0 од Ексцелзиор во мечот кој важи за големо дерби во Холандија.

Со трите гола на Хазелбанк, Елберс и Кулвајк, Ексцелзиор им ја одложи прославата на титулата за една недела. Феенорд прими три гола за девет минути и го претрпе четвртиот пораз во сезоната.

Сега Феенорд има само еден бод предност пред Ајакс кој со една нога е и во полуфинале на Лига Европа. „Копјаниците“ од Амстердам во последното коло ќе гостуваат кај Вилјем II во натпревар кој за домаќинот нема никакви резултатски значај. Не се ни горе, нит долу.

Од друга страна, Феенорд ќе го пречека незгoдниот Хераклес којшто ја игра последната надеж дека може да се докопа до плејофот за Лига Европа. Едно е сигурно - тимот од Ротердам ќе има уште една меч топка и ќе се обиде да го избегне она што му се случи лани на тимот кој сега им дише во врат.

Ајакс во сезоната 2015/2016 беше неприкосновен лидер до самиот финиш кога дозволи да ја изгуби титулата од ПСВ. „Копјаниците“ ремизираа дома со Де Графшап, а ПСВ Ајндховен освои три бода на гости против Цволеа и неочекуване стана шампион.

Феенорд има 79 бода од 33 меча, Ајакс има 78 бода од 33 меча. Клубот од Ротердам има подобра гол разлика +5. Во Холандија Ајакс е најтрофеен со 33 титули, ПСВ има 23, а Феенорд има 14 од кои последната „слави 18-ти“ роденден. Ја освоија со Лео Бенхакер во 1999-та.