Кенеди, ај што имаш славно име и презиме, туку и јака левица

Синоќа додека Реал се бламираше во Купот на Шпанија, се одигра и еден меч од Ла Лига. Виљареал и Гранада дадоа по 2 гола, а од сите 4 највреден за гледање е оној на Роберт Кенеди во 75' за конечни 2-2.

Роберт Кенеди Нуњеш Нашименто е роден на 8 февруари 1996-та година во Санта Рио до Сапукаи во Браил. Играч е на Челси кој со години го позајмува: Њукасл, па Хетафе и сега Гранада.

21 јануари 2021 - 09:49