Капитулација на Јуве во Верона за 10 минути

Фудбалерите на Наполи и Верона ја зголемија неизвесноста за Скудетото бидејќи и двете екипи успеаа да го совладаат актуелниот шампион на Италија и тоа на два од последните три нивни натпревари.

Верона вечерва направи сензација во Серија А со победа против Јувентус од 2:1, а изненадувањето е уште поголемо бидејќи успеаа да им направат целосен пресврт.

Во 65-та минута Кристијано Роналдо го отвори резултат откако при една контра имаше ситуација еден на еден која ја реши со еден потег.

Тој вечерва се запиша во историјата на Јуве како прв играч кој успеа да стане стрелец на 10 меча во низа. Но залуден беше неговиот погодок број 20 сезонава.

Домаќините се изборија за два гола во 76-та и 86-та минута. Најпрвин стрелаше Борини откако одбраната на Јуве киксираше, а потоа Пацини погоди од пенал.

Верона е во топ форма откако ги презеде Јуриќ кој претходно ја водеше Џенова. 7 кола се без пораз, а пред овој триумф им земаа бод на Милан и Лацио.

Со овој резултат утре може да биде уште потесно на врвот. Интер има градско дерби, а Лацио и гостува на Парма.

8 февруари 2020 - 23:32