Камерата која го следеше само Меси

Бидна и тоа. Најголемиот на сите времиња според многумина, дебитираше во новиот дрес. На мечот Рем - ПСЖ во 60-та минута отиде на загревање, а во 65’ минута влезе место другар му Нејмар. Одигра пристојно и доби аплаузи и овации од цел стадион. Една камера била задолжена само за него.

Интересно, мечот Реим - ПСЖ станал натпревар од Лига 1 со рекордна гледаност во со Шпанија 6 милиони и 734 илјади гледачи. Никогаш претходно на Пиринеите не се гледал дуел од француско првенство со така голем интерес. Правата за пренос на Лига 1 во Шпанија од пред една недела ги купила компанијата Kosmos Holding на Жерар Пике.

 

31 август 2021 - 11:34