Како се вика најдобриот стрелец на ЕП 2020?

Автогол. Тоа е “фудбалерот“ кој треба да ја добие Златната копачка на овој турнир. Им бега 6 гола на Роналдо и Шик, а може да го стигне само Кејн, ама ако даде 7 гола во финале.

Да, многумина се мајтапат, ама еден од главните белези на ова Европско првенство се автоголовите кои паѓаат како круши.

Статистиката вели дека на 50 меча паднале 140 голови и дека околу 8% од нив се автоголови. ЕП 2020 донесе лудачки рекорд во овој сегмент..

До сега на овој шампионат видовме дури 11 автоголови, што замислете е повеќе од сите досегашни Европски првенства заедно на кои паднале 9 автоголови. Да, неверојатно, но вистинито.

Автогол падна уште на отворањето на мечот Турција – Италија, кога за стрелец беше запишан Демирал, па се до синоќа кога за Англичаните израмни капитенот на Данска, Кјаер.

Останатите ликови кои ќе останат запишани во рекордното историско Европско по број на автоголови се Лукаш Драгецки (Финска), Војчех Шчесни (Полска), Мартин Дубравка и Јурај Кучка (Словачка), Матс Хумелс (Германија) Рубен Диас и Рафаел Гуереиро (Португалија), Педри (Хрватска) и Денис Закариа (Швајцарија).

Ако треба да издвоиме еден, тоа сигурно е оној на голманот на Словачка, Мартин Дубравка кој си ја заби како на одбојка. Ако треба да издвоиме уште еден со аматерски потег е оној на Педри против Хрватска, кога Унаи Симон ја промаши топката при обично подавање.

Инаку ако го тргнеме на страна “автогол“, на ЕП 2020 први стрелци се Роналдо и Шик со по 5 гола, а Кејн, Лукаку, Бензема и Форсберг имаат по 4.

Со други зборови “автогол“ е недопирлив на ова првенство.

8 јули 2021 - 12:40