Како Пирло ги откачил Катарците на маса

Андреа Пирло настапуваше за три ривалски екипи во Серија А, ама и покрај тоа сите максимално го почитуваа. Докторот за фудбал кој синоќа и кажа збогум на кариерата, немаше пари кои можеа да го натераат да заигра во Катар.

На толку пари и трофеи, Катар не успеа да го одбие и еден Чави, но Пирло е посебен не само како фудбалер, туку и на вакви средби во четири очи каде неговиот збор е последен.

„Андреа те сакаат во Катар“

Андреа Пирло: Кога ми телефонира мојот агент Тулио Тинти, не кажува здраво, туку одма преминува на главното.
 
АП: Извини, што?
 
ТТ: Ќе одиш да играш во Катар
 
АП: Ти си луд. Ниту на сон.
 
ТТ: И Гвардиола играше таму. Беше на залез на кариера.
 
АП: Во ред, но по бон тон треба да се видам прво со нив на средба. Кога стигнуваат?
 
ТТ: Веќе се тука. Стави кравата и за брзо доаѓам 'e те соберам  Не чекаат во Принчипе ди Савиола, екстра луксезен хотел. Таму е сопственикот на клубот, некои луѓе од управата и голем број на адвокати.
 
Катарците: Нашиот дрес одлично ќе ти стои. Не мораш одма да одлучи[, имаш неколку минути да размислиш. Колку деца имаш?
 
АП: Две.
 
К: Имаме одлично училиште на англиски јазик во Катар.
 
АП: Мене ми е подраго кога ги слушам како зборуваат на италијански.
 
К: Тогаш ќе изградиме ново школо и ќе донесеме само Италијанци да му предаваат. Љубител ли сте на возење?
 
АП: Да
 
К: Би ни било драго ако за подарок прифатиш неколку автомобили Ферари.
 
АП: Неколку?
 
К: А доколку ти недостига Италија ќе имаш на располагање приватен авион.
 
АП: Видете јас...
 
К: Договорот е спремен. Се работи за 4 години.
 
АП: Ви благодарам многу но...
 
К: 40 милиони долари. Знаете криза е сега и не можеме 40 милиони за една сезона, туку 10 милиони по сезона. Но ако и тоа не ви е доволно може да поразговараме.
„Да побарав и наводнување на пустините, сигурно и тоа ќе ми го овозможеа. Но пред да почнам да се двоумам, одлучив да го прекинам разговорот“, вели Пирло.
АП: Ви благодарам во секој случај, но не можам. Мислам дека имам уште многу да дадам во Италија. Во случај да го променам мислењето ќе ви се јавам.
 
К: 11 милиони?
 
АП: Тулио станувај, си одиме.
 
К: 12 милиони?
 
АП: Тулио ајде
 
К: 13 милиони?
„Буквално го фатив за рака својот агент, кој беше збунет и си заминавме“.
7 ноември 2017 - 12:37