Како одат избори, референдум и потписи на сосиоси за смена на претседател во Барселона?

Претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу е под јак притисок од сите страни. Веќе неколку месеци го напаѓаат негови потенцијални наследници, а од вторникот вечер и многу легенди на клубот.

По објавата дека Лионел Меси побарал раскин на договорот со Барселона и пројавил желба да замине, стотина навивачи на каталонскиот гигант спонтано се собраа пред „Камп Ноу“ каде скандирале навредливи пароли за претседателот на клубот Бартомеу и барале негова оставка.

Јавно Меси во намерата го поддржаа многу страни, меѓу првите легендите на клубот Карлес Пујол и Самуел Ето а емоџи со аплауз на Твитер стави и Луис Суарез, неговиот ортак од нападот на Барса.

Многумина сакаат да го избркаат Бартомеу од клубот. Постои дури и малку веројатна верзија за наводен итар план на Меси. El Chiringuito пишува дека во случај Бартомеу да замине, Меси би останал на Камп Ноу.

БАРТОМЕУ НЕ САКА ДА СЛУШНЕ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ

Во Барселона најголем дел од акциите на клубот им припаѓаат на сосиосите (регистрирани членови на клубот). Но според правилникот никој не може лесно да го смени претседателот.

Најреално сценарио во моментов е ситуацијата одвнатре да стане неподнослива до таа мера, што претседателот Бартомеу би заминал сам, без да го наговараат или бркаат неговите противници.

Жозеп Бартомеу не го сакаат навивачите, а не го сакаат ниту дел од играчите. Во дискусијата на социјалните мрежи се вклучи и поранешниот прв човек на Барселона Жоан Лапорта кој напиша: „Бартомеу мора да даде оставка, само така има шанса Меси да остане во клубот“.

 

Во меѓувреме неколку соработници на Бартомеу дале оставка. Иако првиот човек на клубот после хаваријата од Баерн Минхен во ЛШ (8:2) објави дека ќе се обиде да го одработи претседателскиот мандат до крајот, а после во 2021 година нема да учествува на изборите.

Во Барселона еден претседател не може да биде на таа позиција два пати по ред. 

ВТОРА ШАНСА Е ГЛАСАЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА КЛУБОТ НА КОИ ИМ ТРЕБА 100.000 ГЛАСОВИ ЗА ДА СВИКААТ РЕФЕРЕНДУМ

Втората можност не е доброволна како првата Бартомеу сам да замине. Оваа солуција значи дека сосиосите (регистрирани членови на клубот) односно навивачи со право на глас кои секоја година плаќаат клупска годишна членарина да побараат специјална процедура за отпуштање на претседателот: да се гласа недоверба.

Прв чекор би бил: за 2 недели да се соберат потписи од најмалку 15% од сосиосите на клубот (околу 17.000 луѓе) со цел да се оди на референдум. Втор чекор е недоверба во претседателот да изгласааат две третини од членовите на клубот (повеќе од 100.000 луѓе). Тогаш ќе се распишат вонредни претседателски избори.

Претхдоно поедноставно се органзириал референдум: требало да се соберат потписи од 5% од членовите на клубот. Но во 2013-та година, тогашниот претседател Сандро Росел кој подоцна сам ја напушти златната фотеља поради обвиненија за корупција, ја кренал границата до 15% и му го отежна животот на тогашниот опозиционер во клубот Жозеп Бартомеу.

Процедурата за изгласување недоверба ја започнале во 2017 година. Тогаш Бартомеу бил незадоволен од продажбата на Нејмар и состојбата со Меси (кој би рекол дека ќе дојде до ова Лео да сака да си оди поради неговата управа).

Потписите ги собирал поранешниот кандидат за претседателот на клубот Агусти Бенедито. Барселона била близу до преврат во клубот, но не успеале да соберат потписи од 15% од сосиосите - петицијата ја потпишале само 12.504 членови на клубот.

Во 2019-та година Бенедито одново пробал да организира референдум но активност брзо му згаснала. 

Во матната 2020-та година, Барселона ја тресат сериозни финансиски проблеми и нестабилност во екипата. Навивачите одново иницирале петиција за распишување референдум за недоверба на претседателот.

Унијата Cor Blaugran на 29 јули објавило за оваа акција, но поради коронавирусот сега е уште потешко да се соберат потписи отколку обично (а и онака е многу тешко), така што тешко е за очекување да се пробие бариерата од 15%.

Но заканата да останат без Меси сега би ги натерала сите навивачи на Барса да потпишат со две раце ако треба, без разлика на глобална пандемија/

ИМА ЛИ ШАНСИ ДА СЕ СМЕНИ БАРТОМЕУ?

Според Агусти Бенедито, човекот кој го иницирал гласањето во 2017-та година, нереално е да се соберат доволно потписи од сосиосите. Прво затоа што натпреварите се играат пред празни трибини и на „Камп Ноу“ нема публика. Второ, властите баш и немаат многу слух за какви било акции за промени, а трето правилата да се соберат потписи во дадениот рок (14) дена, не им остава никакви шанси на иницијаторите. „Проверено“ вели Агусти Бенедито.

Тој додава и дека денес единствена шанса Бартомеу да замине од клубот е да не се изгласа буџетот за следната сезона на општото Собрание во октомври. Таа одлука би имала ефект затоа што би значела и недоверба за претседателот и тој би бил принуден да си оди.

Но до октомври има уште многу, а Меси веќе наводно ги пакува куферите.