Како навивачите внесуваат спорни пароли на стадион?

Во Италија полицијата има ригорозни контроли на сите навивачки пароли кои се внесуваат на стадионите. Скринингот проверува дали имаат навредлива содржина, но и покрај тоа навивачите успеваат да ги протнат на трибината.

Видеото е од италијанската полиција, која покажува како навивачите успеваат да ги внесат контраверзните пароли и пиротехника. Ги сечат на ситни парчиња, а потоа ги составуваат на трибина:

Јавноста на Апенините бурно реагираше на паролите на кои навивачите на Рома ја прозиваа мајката на убиениот навивач на Наполи, Чиро Еспозито.

„Колку жално... Корист од погребот со книги и интервјуа“

19 април 2015 - 10:29