Како Фергусон за прв пат го расплакал Роналдо

Фергусон и Роналдо во Манчестер имаа однос нешто како татко – син, но кога синот немал да биде послушен, добивал лекција.

Во новата книга за Роналдо кој ја напиша шпанскиот експерт Гулием Балагуе раскажана е случка од првото враќање на Роналдо во Португалија, откако потпишал на Олд Трафорд.

Манчестер Јунајтед и гостувал на Бенфика на меч од Лигата на шампионите, а Фергусон му згрмил на Роналдо во соблекувалната до толку, што овој се расплакал.

За овој случај во биографијата на Роналдо сведочи Рио Фердинанд:

„Фергусон почна да му вика: `Кој се замислуваш дека си ти? Сакаш сам да играш? Никогаш нема да бидеш фудбалер ако го правиш ова? Роналдо почна да плаче, а другите го оставија бидејќи требаше да учи. Тоа беше порака од тимот, не само од Фергусон. Сите мислеа дека треба да учи“.

По неколку недели Фердинанд и Фортун го потсетиле Роналдо на инцидентот и му рекле:

„Пак плаче во соблекувална. Еби се, што зборуваш? Плачи бебе едно, плачи“.

Новата биографија за ѕвездата на Роналдо која се калеше кај Сер Алекс Фергусон излегува во продажба на 5 ноември.

2 ноември 2015 - 16:06