Јави се Мрме

На Градски синоќа имаше еден доста познат и славен лик од македонската фудбалска репрезентација, кој од јужна трибина ги бодреше момците со кои го направи историскиот успех. Навивачите бараа фотографија, а истовремено бараат гол (дома).

„Без разлика на се, Македонија што покажа на овие три меча, во историјата вака нема одиграно репрезентацијата. Немам ама ниту една замерка на ниту еден играч, не само што дадоа максимум, туку одиграа фудбал кој е задоволство да се гледа“, изјави Боби Милевски после мечот.

Се надеваме дека Македонија наскоро ќе почне и во напад да игра и да реализира, како никој друг во историјата, што би рекол селекторот.

9 септември 2021 - 08:28