Таг: игор ангеловски

Мрме: ФФМ и селекторот со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација во историјата на Македонија

Игор Ангеловски распали на Фејсбук по раководството на ФФМ и неговиот наследник Благоја Милевски: „Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи“.

Специјален роденденски подарок за Мрме во Казахстан

Најуспешниот селектор на Македонија од април годинава работи во Казахстан како тренер на Каспиј и на 6 меча на клупата е без пораз во првенство. За 47. роденден од клубот му подарија традиционална облека која историјата ја носеле владетелите во оваа земја.

Кај што игра Македонија, таму е и Мрме

Не промаши утакмица на македонската фудбалска репрезентација откако го сменија, а еве го вечерва и дава поддршка и на ракометната. Вода не го оставија да се напие на полувреме, човекот кој за прв пат ги однесе фудбалерите на Европско.

Честитки од Пандев, Нестор и Мрме

Горан Пандев не ги заборава своите браќа кои напиша дека се херои, a мечот од Италија го следеше и Илија Несторовски кој скоро се врати на терените по пауза од седум месеци. Горд на фудбалерите е и архитектот на минатиот успех, Игор Ангеловски.

Јави се Мрме

На Градски синоќа имаше еден доста познат и славен лик од македонската фудбалска репрезентација, кој од јужна трибина ги бодреше момците со кои го направи историскиот успех. Навивачите бараа фотографија, а истовремено бараат гол (дома).

Мрме заработувал 53 пати помалку од Лев

Чешкиот „Испорт Блеск“ ги објави платите на сите селектори на репрезентациите кои беа или сè уште се дел од Европското првенство.

Од Џенова до Амстердам, приказна која вечно ќе се памети

Те ставаат селектор и што правиш првиот ден? Се качуваш во авион и одиш за Џенова да го вратиш Горан Пандев во репрезентација, одговори популарниот Мрме во едно неодамнешно интервју. Клучен потег што се израдувавме на исполнетиот тридецениски сон.

Пандев и Ангеловски ќе се простат од репрезентацијата против Холандија

Дојде и тој ден. Горан Пандев и официјално ќе го одигра последниот танц за македонската фудбалска репрезентација, а најверојатно ќе ја заврши и кариерата. Договорот на Мрме истекува после Европското.

Познат составот на Македонија кој ќе истрча од старт

Селекторот Ангеловски се реши за истите оние кои излегоа на терен во Дујзбург против Германија и направија чудо. На стопер е Стефан Ристовски.

Порака и благодарност од селекторот Мрме за цела нација

На неколку часа пред историскиот прв настап на Македонија на Евро2020, против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на своите профили на социјалните мрежи пиша емотивна порака.

Селекторот доби убав подарок за роденден од играчите

Пред последната проверка за Европско првенство против Казахстан (петок 17:00), селекторот Игор Ангеловски го прослави 45-от роденден а од своите драги фудбалери доби убав подарок - вреден часовник.

Документарецот „Победници“ за селекторот и хероите

Емотивен видео расказ на Види Вака кој ги опфаќа почетоците на селекторот Ангеловски па сè до врвот кој го искачи заедно со фудбалерите. Фина приказна за Мрме и момците.

Трејлер за документарецот „Победници“

Селекторот Игор Ангеловски во главна улога, во документарката „Победници“ на Види Вака раскажува за патот кој го изодел за да стигне на врвот. Трејлерот е пред нас.

И официјално: Македонија со 26 наместо со 23 фудбалери ќе оди на Европско

Селекторите на селекциите кои ќе бидат дел од Евро2020 кое ќе се игра летово, денес добија убава вест од Европската фудбалска унија. Поради пандемијата се зголемува бројот на репрезентативци.

Залепи го Мрме место „Северна“

Во изданието на Панини за ова Европско, нешто фали, а нешто е вишок. Она што недостасува се селекторите кои порано ги имаше. Она што е вишок, го знаете. Најдовме решение, со сликица која е мал подарок од нас.

Ангеловски: Научив од Гасперини, Јуриќ и силниот Палермо, а му се восхитувам на Манчини

„Серија А ја следам од деновите на Саки, а мојата максима е една. Не треба Италија да ме повика мене, јас ќе ја повикам со силата на резултатите. Не можам да го сварам тоа кога ќе забележам дека Пандев, Несторовски, Елмас, кај вас добиваат мала минутажа. Кај мене ќе имаат вечна доверба“.

Што се случи со химната на Македонија за ЕП 2020?

Чудна е релацијата репрезентација – федерација или поточно Ангеловски – Сејдини, а уште почудно е што ова се случува во време кога првиве под капа на вториве бележат историски резултати за македонскиот фудбал. Се фрлаат непотребни и несфатливи флеки во најубавиот период од постоењето на селекцијата.

„Со овие дечки од репрезентација би одел во војна, на Европско ќе играме повеќе од три утакмици“

Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.

И селекторот доби своја сликичка во албумот за ЕВРО 2020

На нешто повеќе од 2 месеци до почетокот на Европското првенство, Македонија западна во фудбалска еуфорија, а најмногу благодарение на надреалниот триумф во Германија. Играчите запалија огномет, а искри фрла и албумот со сликички Панини.

Мрме е цар, застанал да чека ред за Панини албум

Ја сплоти репрезентацијата како никој друг, направи одлична игра, ја однесе на Европско, а ја победи и велесилата Германија на гости. И покрај стекнатата слава и сите успеси, Игор Ангеловски исто како и сите други купувачи отишол да си купи албум за ЕП.

Мрме: Сѐ што кажа Пандев за мене e вистина

„Македонската јавност може сега да види под каков притисок ги водев двата клучни натпревари во баражот против Косово и Грузија“.

Пандев: Сејдини сакаше да го смени Ангеловски пред мечевите со Косово и Грузија

„Се кроеше долго време политика околу репрезентацијата и селекторот. Претседателот и некои луѓе сакаа да ја нарушат атмосферата повеќе од две години, но не успеаја и имам впечаток дека не се среќни што се пласиравме на ЕП“.

УЕФА ја претстави Македонија од рекордерите Пандев и Мрме, корнерот на Шаќири до Барди и Чоко

На четири месеци до деби настапот на ЕП, во фокусот на УЕФА е нашата фудбалска репрезентација претставена со кус осврт на најважните мигови од историјата. Има и еден податок од 1960 кој веројатно не сте го знаеле.

Ангеловски: Како што ветив пред јавноста, националниот интерес го ставив пред личниот

Управниот одбор на ФФМ го потврди новиот договор со селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски кој сосема заслужено ќе ја води на дебитантското Европско првенство.