Ја направи Белгија втора во свет и пак им смета

Селекторот Марк Вилмотс ја донесе Белгија од 54 до 2 место на ранг листата на ФИФА, но и покрај тоа јавноста и медиумите фрлаат дрвја и камења по него.

Фудбалската репрезентација е најголема гордост на секоја земја. Нема голема разлика во тоа што Белгијците се повеќе познати по пристојност, отколку по гордост. Одело не одело, и јавноста и медиумите го дочекуваат Марк Вилмотс на нож.

Кога ја презеде Белгија во летото 2012. година, Црвените Ѓаволи беа 54 на ранг листата на ФИФА и со никакви очекувања. Три години подоцна, Белгија е втора, зад светскиот првак Германија.

КАДЕ ЛЕЖИ ПРОБЛЕМОТ?

Марк Вилмотс, најдобриот стрелец на Белгија на сите времиња беше избран од Дик Адвокат за негов помошник во 2009. година. На таа функција Вилмотс беше додека Џорџ Лекенс не стана нов селектор. По заминувањето на Лекенс и на големо задоволство на фудбалерите, во нов селектор на Белгија беше промовиран Марк Вилмотс кој успеа од индивидуалци да направи одличен тим а брзо дојдоа и резултатите.

Во првиот натпревар со Вилмотс, Белгија загуби 1-0 од Англија, но играше добро. Следуваше голем триумф над вечниот ривал Холандија од 4-2 и по тој момент Белгија не гледаше назад.

Се квалификуваа за СП 2014 со дури 9 бодови предност пред Хрватска (победија на 8 натпревари со 2 нерешени). На Мундијалот Белгија одигра одлично во групната фаза, ги елиминираше и САД 2-1 и на крајот испадна од Аргентина. Белгијците станаа осми во светот, но и тоа не ги задоволи новинарите и јавноста.

Водечкиот спортски магазин во Белгија, Воетбалњус е најгласен во критиките кон Вилмотс. Му замеруваат дека имал премногу другарски однос до играчите, дека стручниот штаб е составен од негови пријатели, зошто не го викнал Раџа Наинголан на Светското, зошто не го решил проблемот меѓу Куртоа и Де Брујне кои се скараа за девојка итн.

Општ впечаток е сепак дека сите критики се плитки и дека Вилмотс одлично си ја врши работата, пишува порталот ФорФорТу.

На 20 средби од натпреварувачки карактер, Белгија со Вилмотс оствари 15 победи и загуби само еднаш. Во неделата за еден час игра на Франција ѝ дадоа четири гола и пружија одлична игра. Сепак, ни тоа не беше доволно белгиската јавност да му честита на Марк Вилмотс, за кој сериозен интерес пројави Шалке 04, екипа на која Вилмотс ѝ го донесе Купот на УЕФА во 1997. година.

Белгија сега е на патот на ново Европско првенство, прво од 1984. година (освен 2000. кога беа домаќини заедно со Холандија).

12 јуни 2015 - 16:29