Историја за Кливленд и Донован Мичел кој на Чикаго му даде 71 поен

Лука Дончиќ на истекот на старата година постигна 60 поени, но Доновил Мичел новата ја почна со 71. Тоа се рекордни после оние на Коби Брајант пред 15 години.

Мичел имаше шутерска ноќ за паметење која ја заврши со 71 поен, 11 асистенции и 8 скока и практично постигна половина од поените за својот тим кој славеше против Чикаго Булс со 145:134.

Освен што забележа историска ноќ за себе, тој постави и нов рекорд за Кливленд кој до сега ги имаше на прво место Леброн Џејмс и Кајри Исвинг со по 57 поени.

Бекот на Кливленд од поле погоди 22 од 34, потоа даде 20 коша од слободни фрлања и седум тројки.

Тој е само трет кошаркар во 21 век со минимум 71 поен. Рекордот го држи Коби Брајант со оние славни 81 поен во 2006-та, а апсолутниот рекорд се недостижните 100 поени на Вилт Чембрлен.

Историјата вели дека е само седми играч во НБА лигата кој успеал да ја мине границата од 70 поени. Другите се Чембрлен, Брајант, Букер, Дејвид Томпсон, Елџин Бејлор и Дејвид Робинсон.

3 јануари 2023 - 10:46