Интер е во страшна серија од 11:0 на +12 од Јувентус и е најефикасен тим во Европа

Ланскиот финалист на Лига шампиони игра како во транс. Во 2024-та е неприкосновен и непобедлив против секого и во секое натпреварување. Од септември немаат пораз во Серија А.

Со триумфот над Аталанта, Симоне Инѕаги стана првиот тренер во историјата на Интер кој успеал да победи на првите 7 меча во една календарска година.

И да е само тоа. Во 2024-та има 11 од 11 на сите натпреварувања. Во таа низа капитулираа екипи како Јувентус, Атлетико, Наполи, Рома, Лацио, Аталанта.

Скорот во првенство им е 22 победи, 3 нерешени и 1 пораз. Загубија само од Сасуоло и тоа на 27 септември.

Имаат фантастични 67 дадени и само 12 примени голови. Втор е најефикасен тим е Милан со 50 постигнати голови, Аталанта и Рома имаат по 48. Копавме во сите топ 5 првенства и што да видиме. Никој како Интер.

Во Англија Ливерпул има 63 гола, Арсенал 62, Сити 59, во Германија прв е Баерн со 63, па Баер Леверкузен со 59, во Шпанија Жирона има 57, Барса 56, Реал 54, а во Франција ПСЖ им дадено 54 гола.

Го имаат и првиот стрелец во Серија А, Лаутаро Мартинез кој блескa со 23 гола на 24 средби. По него се Влаховиќ со 15 и Жиру со 12. Мбапе има 21, Халанд 17, Белингем 16. Само првиот стрелец во Бундеслига е поефикасен од него, а тоа е Хари Кејн со 27 погодоци.

Паралелно со нападот, импресивниот Интер бележи извонредни бројки и во одбрана. На 17 меча од вкупно 26 кола во Серија А го сочувале голот несовладан. 16 средби од нив се на Јан Зомер.

Само Џек Батланд од Глазгов Ренџерс успеал да не прими гол на повеќе средби од него. Тоа се 22 меча, но од вкупно 43 на сите натпреварувања, за разлика од 35 годишниит Швајцарец кој бранел на 33.

Погледнете ја победничкава серија на Интер. Последните четири дуели ги добиле со 4 постигнати голови од кои три им се со резултат 4:0. Неверојатни бројки.

 

29 февруари 2024 - 14:22