Им дише мозокот на Баерн, 8 гола дадоа за едно полувреме

Сезоната 2020/2021, 8:0 во првенство го победија Шалке и еве сега со идентичен резултат и против Дармштад. Девет пати низ историјата триумфирале со овој резултат.

Она што фасцинира е што Баварците ги дадоа сите 8 гола во второ полувреме во периодот од 51-ва до 88-ма минута, односно за 37 минути или во просек на секои 4,6 минути гол.

Хет-трик на Хари Кејн кој постигна гол од пола терен, по два комада на Сане и Мусиала и еден на Милер.

Првото полувреме од средбата го одбележаа три црвени картони, еден за Кимих уште во 4 минута и уште два за гостите.

Кам бек на Мануел Ноер кој заигра после нецела година. 

Што се однесува до рекордите, Баварците низ историјата девет пати победувале по 8:0, а давале и по 9, 10, 11 и 12 гола.

Апсолутниот рекорд им е 1:16 против Валдберг во 1998-ма, во прво коло од Купот на Германија.

28 октомври 2023 - 22:19