Играта на Барса може да те поремети, прашајте гo Манчестер

Кога тики-така моделот ќе влезе во фазон на совршенство, никој не сака да и биде противник на терен, па дури ниту играчите на Сер Алекс Фергусон кои полуделе од нервоза во едно неодамнешно финале против Барса.

Се работи за финалето од Лигата на шампионите во 2011 година кое се одржа на 28 мај на Вембли. Барселона со Пеп Гвардиола одеше на тројна титула, а пред себе го имаше Манчестер Јунајтед со Ван дер Сар, Видиќ, Фердинад, Евра, Гигс, Сколс, Валенсија, Руни, Нани.

Состав на Манчестер кој е далеку од лош и кој се очекуваше одлично да се носи со Барселона, но работите не оделе баш така лесно. Ќе ви раскаже еден од 22-цата актери на терен кои ги одигра сите 90 минути.

Тоа е Ерик Абидал за кого тоа беше специјална вечер бидејќи неколку месеци претходно му открија тумор на црниот дроб. Успеа да закрепне и да биде дел од еднo од најдобрите изданија на Барселона.

„Тоа што се сеќавам најмногу е последниот половина час од финалето. Фудбалерите на Манчестер беа лути, навистина многу бесни, бидејќи Вембли го претворивме во едно поле каде не можеа ништо да сторат. Цело време пцуеа и се дереа. Тоа беше неверојатно. Некои од моите колеги не ги разбираа, но јас можев. Викаа: `Доста е веќе ова, доста се ебаваме, мртви сме`, а имаше уште 25 минути до крај.

Чави, Иниеста, Меси, Бускетс и Дани Алвеш кои практично играа во среден ред тој ден продолжуваа: пим-пам, пим-пам, пим-пам“

Барселона стигна до тројната круна откако славеше 3:1 со головите на Педро, Меси и Виља, а Вејн Руни само за момент внесе неизвесност во финалето.

28 септември 2016 - 15:23