Ицо Стоичков со лук и врела вода се штити од вирусот

Најдобриот фудбалер на светот во 1994 година, добитник на Златна топка, Христо Стоичков за Mundo Deportivo даде пар совети од Мајами каде живее во време на пандемијата.

Ице Стоичков во Бугарија поседува фабрика за производство на спортска опрема. Живее на релација Софија-Барселона-Мајами а во моментов се наоѓа во САД.

Вели дека си има свој рецепт во борбата против вирусот.

„Многу се пазам. Јадам многу лук, кромид, пијам топла вода и стојам долго под туш со врела вода за да го спречам тој вирус. Тука сум со семејството, со Маријана мојата сопруга, со свекрва ми која има 80 години и треба многу да внимаваме со неа зошто вирусот е најопасен за возрасните. Ќерка ми живее близу, а цела недела не сум го видел внучето, не смее да ризикуваме. Оваа болест се пренесува многу лесно“, вели Стоичков за шпанскиот лист Мундо Депортиво.

Бугаринот е атрактивен за шпанските медиуми зошто секогаш има ексцентрични изјави. За тоа како е во САД вели:

„Мерките во Мајами се подрастични. Прво школите се испразнија, после и плажите. Со големо внимание следиме што се случува во Италија и Шпанија. Гледајте ја возраста на починатите. Најмногу удри на тешко болните и возрасните. Јас сум роден спортист, цел живот спортувам. Здрав сум, но внимавам многу за да не ги засегнам тие кои најмногу ги сакам. Не треба да ги плашиме луѓето, туку треба да им кажува како да се заштитат себе и блиските.“, сподели Стоичков.

Во меѓувреме Шпанија, особено Каталонија е земја која трпи силен удар од коронавирусот. Во Каталонија првата линија на фронтот страда во последните денови зошто се заразени преку 1.000 медицински лица.

„Следам што се случува во Шпанија и се слушам со менаџерот Мингеа и со моите пријатели од соблекувалната на Барселона. Знам дека болниците се преполни, има многу заразени и починати. Им кажувам да се пазат многу. Оваа криза јасно ни покажа во каква состојба е светот. Во Кина проблемот го решија за два месеци. Кина е силна. Цела држава се мобилизираше, поставија карантин и никој не ги наруши мерките. Италија и Шпанија се слаби како и останатиот дел од Европа. Гледаме сега што се случува и со САД.

Во однос на фудбалот после коронавирусот, Стоичков има свој став:

„За мене е многу тешко во Европа да се игра финале на Лига на шампиони. Гледате како се распространи вирусот во Европа. Сега во Англија премиерот сврте плоча. А проблемот уште не станал тежок во други земји. На примерво Турција се дијагностицирани 1.200 случаи и има малку починати, зошто уште е сам почеток. Тоа е земја со 100 милиони луѓе. И верувате ли навистина дека европскиот фудбал може да продолжи? Како може сред јуни да се игра финале на ЛШ во Истанбул? Песимист сум. Здравјето на луѓето е најважно. Не мислам дека и Ла Лига ќе заврши скоро“, констатира Ицо

25 март 2020 - 10:54