Таг: христо стоичков

А Ице Стоичков не го ни знаат младиве

Во купот видеа направени од пристигнувањата на ѕвездите на свечената церемонија во Париз, на доделувањето на Златната топка, пазете го пречекот на фановите за Мбапе, Бекам и Ѓоковиќ, а потоа за Стоичков. Пусти Христо ниту некој му довикна, ни фотка, ни автограм. А Златна топка има освоено.

Епско видео со Кројф и Христо Стоичков

Спонтан момент од тренинг на големата Барселона во која Кројф беше тренер а нападот го предводеа Ицо „Камата“ Стоичков и Бразилецот Ромарио. Јохан му објаснува на Ицо како да скока со јаже, овој се плетка па Кројф се смее.

Камата полни 55 години, уште се памети неговото ремек дело во Виена

Второ коло од Лига на шампиони сезона 1993/1994. Барселона гостува кај Австрија Виена. Ицо Стоичков дава 2 гола во триумфот на Каталонците 1:2, а едниот погодок му е можеби најубав во кариерата. Денес најдобриот бугарски фудбалер во историјата полни 55 години.

Лоша шегава на Стоичков а?

Најавата за вчерашниот меч од Лига Европа меѓу ЦСКА Софија и Рома ја направи Христо Стоичков, ама во сопствена режија на свој начин кој не им се допадна во Италија.

Кога генијалниот Дејан и Милан ја урнаа златната епоха на Барселона

На денешен ден пред точно 26 години италијанскиот гигант ја имаше можеби најубавата вечер во својата вековна историја. Со скрпен тим, без неколку главни играчи мораше да се борат против страшната Барселона на Кројф, Ромарио, Стоичков, Гвардиола...

Кројф го учи Стоичков како да се загрева со јаже

Ице тука 29 години, а Јохан 48. Ама не ќе да е до годините а?

Ицо Стоичков со лук и врела вода се штити од вирусот

Најдобриот фудбалер на светот во 1994 година, добитник на Златна топка, Христо Стоичков за Mundo Deportivo даде пар совети од Мајами каде живее во време на пандемијата.

Дај не бидете расисти, го расплакавте Стоичков

Бугарската фудбалска легенда имаше би рекле една неочекувана реакција кога во студио го прашаа што мисли и како да се спречи расизмот во неговата земја.

Најјаката глума во кариерата на Стоичков

Не го знаевме за таков, ама ете знаел и така. Налетавме на снимка од Христо Стоичков како паѓа театрално како да го колат. Се работи за натпревар пред точно 25 години кој Барса го добива против Борусија Дортмунд со помош на оваа глума вредна гол од пенал.

А ќе речеш Стоичков не знае англиски

Бразилецот Жоел Сантана е човек кој во кариерата бил тренер на 19-ина места а светот го дозна во 2008-ма кога беше селектор на Јужна Африка и даваше интервју на англиски. Пази, на англиски.

Кладбата на Христо Стоичков во ЛШ за пакет виски

ЦСКА Софија и Спарта Прага играат четвртфинале во Лига на шампиони 1989-та, а ден пред натпреварот Стоичков глави во кафана до 2 и кусур. Да не ви раскажуваме до крај, анегдотата ќе ви ја каже Мирослав Илиќ, инаку сведок на приказнава и кум на бугарската фудбалска легенда.

Дуетот на Мирослав Илиќ и Христо Стоичков во ’96-та

Малку е познато дека „славејот од Мрчаевци“ му е кум на легендарниот Ицо Стоичков. Мирослав Илиќ многу пати настапувал на повик на Бугаринот а во 1996-та година снимил песна во чијшто спот со дрес на Парма се појавува токму фудбалската ѕвезда.

Најлудата завршница во шпанското првенство со балкански шмек

Давор Шукер, Христо Стоичков, Диего Симеоне, Ромарио и Михаел Лаудруп беа стрелци во последното драматично коло во Ла Лига, која шампионот го донесе во последната минута од сезоната. Поранешен репрезентативец на Југославија место место јунак стана лузер.

Стоичков и Хаџи, Камата и Кралот

Газдата на ФИАТ, Џани Ањели бил спремен да отвори фабрика во Романија, само Чаушеску да му го даде Георге Хаџи во Јувентус. Христо Стоичков имал мака со комунистичката власт во Бугарија која не дозволувала трансфер во странство до 28 години.

Ретки фудбалски фотографии

Како изгледаше Христо Стоичков со Златната топка, како Шмајхел оди на работа, детето Ариел Ортега во Ривер Плејт и уште неколку необични фотографии од времето.

Интервју со Стоичков на англиски

Бугарската легенда која е европски првак со Барселона и Златна топка во 1994-та денеска слави јубилеен 50-ти роденден. Копајќи за него да најдеме нешто што не знаеме, наидовме на едно интервју со кое го мајтапат во Бугарија. Задоволен ли сте од изданието на вашиот тим? Фифти-фифти. Фрст халф вери гуд, секонд халф ајм ноу лајк. 

Како Бугарите ја смрзнаа Франција во 1993-та

„И Бог е Блгарин и Бог е Блгарин“, викаше коментаторот на бугарската државна телевизија по евроголот на Емил Костадинов во ’91-та минута.

Фудбалскиот пат на Христо Стоичков

Најголемиот бугарски фудбалер на сите времиња беше прв стрелец на Мундијалот во САД 1994 година. Бурниот темперамент не му дозволи подолго да се задржи на светскиот врв, од каде се спушти со ротационо светло на својот џип по кафаните во Софија.

Фото на денот

На 28. август 1996 година, Жозе Мурињо и Христо Ице Стоичков ја прославија победата на Барса во шпанскиот Супер Куп против Атлетико Мадрид.

Музејот со најважните голови на Барселона

Вториот гол на Меси против Баерн Минхен го крена интернетот на нозе, а воедно влезе и на листата најважни голови во историјата на Барселона. Покрај Меси, голови за во музејот на Барса постигнуваа Ромарио, Ривалдо, Иниеста, Куман, Бакеро, Кројф и Роналдо.

Бугарскиот пресврт против Германија

Бугарите имаат играно на седум Светски првенства, а најмногу го раскажуваат она од САД 1994 каде на денешен ден во четвртфиналето успеаа да го елиминираат бранителот на титулата. Легендарниот Лотар Матеус го отвори резултат од пенал на стартот во вториот дел, но Стоичков и Лечков за три минути го покорија Светскиот шампион.

Офсајд лик на денот: Христо Стоичков

Невиден гаф на Христо Стоичков. Во желба да врати на навреди на Твитер, бугарската легенда си ги откри порно навиките.