Гранде Пандев ја прослави 40-та со децата од Струмица

Македонската фудбалска легенда организираше фудбалско роденденски ден на теренот на Брера Струмица, а гости му беа најмладите меѓу кои ќе се бараат негови наследници.

Пандев токму на денот на својот 40-ти роденден организираше отворен ден на фудбалскиот комплекс во Струмица на кој сите присутни имаа можност да се запознаат со клубот и да се дружат со него.

Целта на настанот беше да им ја доближат на децата работата на Брера Струмица, како и да ги информираат како да станат дел од клубот.

За Струмичани беа подготвени голем број на забавни игри со награди, а имаа можност и да се дружат и да се сликаат со легендата.

„Голема чест е мојот роденден да го прославам со толку многу дечиња. Навистина големо изненадување за мене. Благодарност до сите во Академија Пандев Брера и посакувам цврсто здравје на сите. Ова е нов проект кој се базира на младите таленти, се надевам дека сите ќе ги служи добро здравје и целиме кон освојување многу титули. 

Овој проект е новина во Македонија и се надевам дека уште повеќе дечиња ќе дојдат во нашата школа. За нив ќе има многу изненадувања, ќе работиме по нова програма, ќе имаме новитети во тренерскиот погон и ќе се трудиме да ги охрабриме младите да спортуваат, да имаат почит кон повозрасните и да ги изведеме на вистинскиот пат“, рече Пандев

27 јули 2023 - 14:27