Голманот кој е подобар напаѓач од оние на Арсенал

Од луѓето што имаат задача цела кариера да бранат, најголема желба да биде шпиц има Рожерио Сени. Кога Сао Паоло во декември ќе му организира проштален натпревар, тие ќе останат без играчот кој истовремено се грижи за двата гола.

Со 22 поминати години во Сао Паоло, Рожерио Сени успеа да оствари четири рекорди кои се запишани во Гинис. По триумфот против Гоиас од 3:0, Сени стигна до 590-та победа во својата кариера и му го сруши рекордот на легендарниот Рајан Гигс.

Со 1173 настапи, тој има одиграно најмногу натпревари за еден клуб, а бројката од 867 му го носи рекордот по најмногу одиграни мечеви како капитен.

41 годишниот Сени стана славен како најдобар стрелец помеѓу голманите, а со бројот од 123 голови се наоѓа на 11 позиција на листата на најдобри стрелци на Сао Паоло. Голем број на играчи на кои им е работа да постигнуваат голови треба да учат од него.

Број на голови на сегашни/поранешни напаѓачи на Арсенал:

Јаја Саного - 26

Дани Велбек - 42

Николас Бентнер– 68

Тео Волкот - 69

Маруан Шамак - 97

Алексис Санчез – 100

Рожерио Сени (голман на Сао Паоло) - 123

123-от гол на Сени

28 октомври 2014 - 21:42