Големиот успех на Југославија на СП 1990, која за влакно не ја скроти и Аргентина

Ви го раскажавме патот на легендарните избраници на Ивица Осим до Мундијалот во Италија, каде стигнаа убедливо како први во група и тоа без пораз. Сега ќе се потсетиме како минаа на тој голем и последен нивен таков собир на кој шампион стана Германија.

Италија 90-та важи за доста култен и многу зборуван Мундијал, не само поради тоа што учесник беше Југославија која со тоа ги заврши континенталните натпреварувања, туку и поради плејдата на врвни имиња кои денеска ги зборуваме како симболи од тоа време.

Пазете ги сега имињава. Домаќинот ги имаше Паљука, Ѕенга, Барези, Малдини, Анчелоти, Донадони, Манчини, Баџо, Виали.

Бразил дојде со Тафарел, Дунга, Ромарио, Бебето, Алдеир. Аргентина ги имаше Марадона, Каниџа, Гоикочеа, Западна Германија Матеус, Бреме, Клинсман и Бреме.

Шпанија пристигна со Фернандо Јеро и Зубизарета, Англија со Гаскоњ, Линекер и Симан, Холандија со Рајкард, Куман, Ван Бастен, Гулит

Камерун го претставуваше Роџер Мила, Романија Хаџи, а Колумбија Рене Игита. Сè легенда до легенда, а таквите во нашиот состав нема потреба да ги броиме, туку само гледајте и читајте во албумот со сликички. Состав за сите времиња кој за влакно не стаса до полуфинале.

 

Југославија го почна тоа Светско на 10 јуни на Сан Сиро против Германците кои го освоија откако во финале ја добија Аргентина со 1:0. Загубија 4:1, но потоа го групата Д ја совладаа Колумбија со одличниот гол на Јозиќ, па Обединети Арапски Емирати со 4:1. Двоен стрелец Панчев и по еден Сушиќ и Просинечки.

Осминафиналето донесе голема неизвесна и возбудлива битка, а го реши Пикси со две ремек дела. Прво го прави својот чувар по бурек, а потоа после регуларните 1:1, изведе мајсторски слободен удар во продолженија за пласман во четвртфинале.

Новиот опасен противник се викаше Аргентина, а мечот стаса до пенали. Томислав Ивковиќ му ја фати жива на Диего Армандо Марадона, но Аргентинците отидоа понатаму со победа од 3:2.

За најдобар играч на првенството беше прогласен Тото Скилачи кој воедно беше и најдобар стрелец со 6 гола, а наградата за најдобар млад играч ја собра 21 годишниот Роберт Просинечки.

Головите на Југославија против Германија, Колумбија, ОАЕ и Шпанија.

Хајлатјс против Аргентина со две чисти шанси на Сушиќ и Савичеиќ

Пеналите

13 мај 2020 - 16:13