Таг: ивица осим

Австријците на спектакуларен и величествен начин се збогуваа со Ивица Осим

Легендарниот селектор на Југославија кој почина на 1 мај на 81 годишна возраст, беше тренер на Штурм Грац осум години (1994-2002) во кои им донесе 8 трофеи. Клубот тоа не го заборава и му организираше комеморација на стадион која траеше 81 минута, а ковчегот беше поставен на терен.

Големиот успех на Југославија на СП 1990, која за влакно не ја скроти и Аргентина

Ви го раскажавме патот на легендарните избраници на Ивица Осим до Мундијалот во Италија, каде стигнаа убедливо како први во група и тоа без пораз. Сега ќе се потсетиме како минаа на тој голем и последен нивен таков собир на кој шампион стана Германија.

Штраус од Грбавица незаборавен во Австрија

Едно од најголемите фудбалски имиња на овие простори, во кариерата играше за Жељезничар, Цволе, Стразбур, Седан и Валенсиен а беше тренер на Жељо, Партизан, Панатинаикос, селектор на Југославија и Јапонија. Најголем успех оствари во Австрија каде му приредија голем дочек.

Потребна е регионална фудбалска лига

Поранешниот селектор на Јапонија и еден од најдобрите балкански стратези во историјата ја повтори идеата за основање на регионална фудбалска лига која ќе го извади балканскиот фудбал од калта.

Последниот меч на Југославија

Фудбалската репрезентација на СФРЈ пред 23 години се сретна со Холандија во Амстердам, а тоа беше всушност последниот меч на големата фудбалска сила со многу легенди која можеше далеку да стигне на следното Европско првенство во Шведска.