Голеада на егзибициското шоу меѓу Роналдо и Меси кое заврши 5:4 за ПСЖ

Ѕвездите на ПСЖ славеа против ѕвездите на тимот комбиниран со играчи од Ал Наср и Ал Хилал во синоќешната пресметка што се одигра во Ријад.

Натпреварот беше од пријателски карактер, а најголемото внимание очекувано го привлекоа Роналдо и Меси кои одамна се немаат сретнато еден против друг.

Португалецот постигна два гола, Меси еден, а ПСЖ на крајот триумфираше со 5:4.

Другите стрелци за францускиот тим беа Маркињос, Мбапе, Рамос, и Екитике. Нејмар не погоди од пенал, а Бернат во првиот дел заработи црвен картон.

20 јануари 2023 - 08:48