Фудбалскиот викенд во 10 точки

Кајт дава по три гола и на 35 години, а за Левандовски и Обамејанг тоа е веќе рутина. Барселона е ефикасна и без Меси, а Михајловиќ против Сасуоло победи со дете меѓу стативите.

1.000 победи на Баерн Минхен

Со триумфот над Келн, Баварците викендов станаа прв клуб во историјата на Бундеслигата со 1.000 победи. Ариен Робен кој сезонава го одигра првиот меч во германското првенство, го постигна првиот дел, а потоа стрелаа Видал, Левандовски и Милер. Втор на листата е Вердер Бремен со 741 победа. За овој подвиг ги почасти пиво сите навивачи кои беа на стадион.

50 голови на Борусија Дортмунд

Милионерите оваа сезона се први во конкуренција на Топ 5 лигите кои постигнаа 50 голови на сите натпреварувања. Викендов го совладаа Аугзбург со 5:1 и сега имаат учинок од 54 погодоци постигнати на 18 средби. На седум меча постигнаа по минимум 4 гола.

Двата хет-трика на Кајт

Холандскиот ветеран даде три гола за Феенорд на средбата против Херенвен, а три гола постигна и минатиот викенд. Со 35 години Кајт во моментов е прв стрелец во холандскиот шампионат и втор играч на Феенорд на таа возраст кој постигна 9 голови во една сезона. Подобар од него е само Јохан Кројф кој во 1984-та 11 пати се запиша на листата на стрелците.

Двата хет-трика на Обамејанг

Ако во Баерн Минхен претплатен на голови е Левандовски, кај Борусија тоа е Обамејанг кој важи за еден од најбрзите играчи во Бундеслигата. Откако постигна хет-трик во ЛЕ против Кабала, исто го стори по само неколку дена и против Аугзбург. 26 годишниот репрезентативец на Габон на 17 меча сезонава има постигнато 20 голови.

500 меча за Де Роси

Освен големата и важна победа на Артемио Франки од 2:1, Рома во Фиренца прослави уште еден голем момент, а тоа е јубилејот од 500 меча на Де Роси за Римската волчица. Повеќе настапи од него има само Тоти (746).

Левандовски не застанува

Обамејанг запиша 20 погодоци на 17 меча, но на Роберт Левандовски тоа му успеа на 12 натпревари. Полскиот репрезентативец викендов постигна еден гол.

Учинокот на Суарез и Нејмар

Откако Меси се повреди, Барселона одигра вкупно пет меча во Ла Лига и ЛШ. На тие средби Нејмар постигна 5 гола и 5 асистенции, а Суарез 5 гола и една асистенција. Заедно двајцата дадоа 10 од последните 13 голови на Барса или 77% од головите.

Кам бекот на Леверкузен

Баер Леверкузен во една недела одигра два инфаркт мечеви пред своите фанови. Во Лига на шампионите губеше дома 2:4 од Рома и набрзина стигна до 4:4. Слично сценарио им приреди и во првенство на мечот со Штутгарт.

Најгрубиот фаул

Остапка од оваа листа полна со бројки и рекорди прави средбата меѓу Борусија Менхенгладбах и Шалке. Јоханес Гаис го прати на операција Андре Хан, а потоа на долго и широко му се извинуваше преку Фејсбук.

Деби за Милан на 16 години

На оваа тинејџерска возраст обично децата играат фудбал во маало, но Џанлуиџи Донарума тоа го правеше во Серија А и го чуваше голот на седум кратниот европски првак Милан не мечот против Сасуоло. Тој беше во првиот состав на Росонерите и на средбата против Реал Мадрид за време на летните подготовки.