Фудбалер на Жирона ја понижи цела одбрана на Атлетико за голема победа во 91-ва минута

Прво ја победија Барселона на гости 2:4, за прв пат во историјата, а сега слават над Атлетико Мадрид 4:3, исто така за прв пат во историјата. Жирона сè повеќе наликува на Лестер 2016.

Бајката на Жирона продолжува и во 2024-та, година во која не можеа да посакаат поубав старт.

Го пробија одбранбениот ѕид на Атлетико Мадрид и тоа 4 пати, правејќи го безвреден хет-трикот на Алваро Мората.

Со головите на Валери уште во 2 минута, потоа Савио и Блинд, Жирона во 39 минута имаше водство од 3:1.

Мората го анулираше за 10 минути со погодоци во 44-та и 54-та минута, а точка на лудата фудбалска претстава стави Иван Мартин во 91-ва минута и тоа со мајсторија на мал простор.

Жирона има 15 победи, 3 нерешени и 1 пораз, исто колку лидерот Реал Мадрид кој е прв поради подобрата гол разлика.

4 јануари 2024 - 08:35