ФФМ, барајте го малиов да заигра за Македонија

Даниел Мусовски е фудбалер прилично непознат за македонската јавност. Има 24 години, роден на 30 ноември 1995-та година во Хендерсон, Невада од македонски родители. Во Америка играл за Лас Вегас Мобстерс, Барлингејм Драгонс, Туксон, Сан Хозе, Рено 1868 а од декември 2019-та игра за гигантот во МЛС, Лос Анџелес.

Мусовски, кој игра на позиција центарфор а одлично се снаоѓа и во улога зад напаѓачите, дебитирал за новиот клуб на 13 јули годинава против Хјустон Динамо. Синоќа влегол во игра во 80' минута наместо и брзо постигнал убав гол против Портланд за триумф од 4:2.

Досега нема настапи за ниту една репрезентација што остава можност нашиот селектор да го проба во македонската селекција:

Во Лос Анџелес, Мусовски игра со ѕвезди како Карлос Вела, Диего Роси и Бредли Рајт-Филипс. По 11 одиграни кола во МЛС, Лос Анџелес на Даниел Мусовски има 4 победи, 3 нерешени средби и 4 порази. Со 15 бода се на 4. место на табелата.

Во октомври 2019-та година, Даниел Мусовски ја заинтригирал американската фудбалска јавност со 4 гола за 40 минути:

14 септември 2020 - 10:57