Сензациски старт за Динамо во ЛШ, Челси капитулираше на Максимир

Стефан Ристовски и Аријан Адеми го срушиja ланскиот европски првак во првото коло од групната фаза во Лига на шампиони. Човек на одлука е Мирослав Оршиќ.

Единствениот гол на мечот падна по 13 минути игра откако Мирослав Оршиќ со страшен трк од пола терен и тоа со топка, го изеде Весли Фофана, инаку засилување на Челси за кој на Лестер му платија 70 милиони фунти.

Динамо Загреб - Челси 1:0
Оршиќ 13`

Обамејанг израмни во вториот дел, ама голот му беше пониште поради офсајд.

Борусија Дортмунд - Копенхаген 3:0

Ројс 35`, Гуереиро 42`, Белингам 83`

6 септември 2022 - 20:39