Емотивни сцени во Рим, еден од преживеаните на Шапекоенсе постигна гол

Фудбалерите на Рома славеа 4:1 на пријателска средба против бразилскиот тим, а честитките на сите актери на терен отидоа кај Алан Рушел кој по гостувањето на Камп Ноу, имаше незаборавна ноќ на Олимпико.

Алан Рушел е еден од тројцата преживеани фудбалери во авионската несреќа на Шапекоенсе во која лани на 28 ноември загинаа 71 патник. Тој беше на само два милиметри од тоа да остане парализиран и од тогаш чудесно закрепна и му се врати на фудбалот.
 
Рома имаше предност од 4:0, а моментот кој привлече најголемо внимание на средбата се случи во 55-та минута кога Рушел постигна гол и доби честитки и од голманот на Рома, Богдан Лобон. Во неговата глава се измешани многу чувства, а по постигнувањето на голот очекувано погледна накај небото.
„Мило ми е што имав можност да постигнам гол. Денешниот резултат беше најмалку важната работа. Среќен сум за мојата изведба и за моментот дека живеам. Ова не е само фудбал. Сите страдаа заедно со моене во овие тешки моменти за време и по несреќата. Многу сум среќен за поддршката што ја добив во Италија“, изјави 28 годишниот лев бек.

Овој пријателски натпревар беше за да се помогне во континуираното одржување и обвновување на Шакепоенсе по катастрофалната авионска несреќа. Следната цел на Рушел е да му помогне на својот тим да ја избегнат зоната за испаѓање во бразилското првенство.
 
Пред мечот со Рома, Рушел се согласил дека во случај да има пенал, тој да биде изведувачот. Одигра 77 минути, двојно повеќе од мечот против Барселона на кој си го смени дресот со Меси.
 
Дресови од Чапекоенсе добија легендите на Рома, Тоти и Алдеир.

2 септември 2017 - 10:58