Џон Тери прави колекција од капитенски ленти

Некогашниот капитен на англиската репрезентација и актуелен лидер на Челси ги чувал сите ленти со кои ја изнесувал екипата на терен.

Некои од фудбалерите по дома имаат дресови, шалови, маици и капи, но дефанзивецот и капитен на Челси не се задоволува само со тоа, па решил да направи колекција.

Џон Тери (33) е најуспешен капитен во историјата на сините од Лондон, а неодамна го прослави неговиот 500. настап во 10-годишната кариера на Стемфорд Бриџ. Тери на Инстаграм денес постираше слика со многу капитенски ленти, кои ги носел во кариерата.

„Ги чувам сите ленти што сум ги носел низ годините и се надевам дека ќе додадам уште многу во колекцијата. Горд сум и почестен“, напишал Тери на неговиот Инстаграм профил.

Со 3 трофеи од Премиер лигата, 4 ФА купа, 2 Лига купа, Лига на шампионите и Европа лига, Тери е најуспешниот капитен во историјата на Челси.

3 ноември 2014 - 14:48