Две мега битки во ЛШ, ќе гледаме дуел меѓу Роналдо и Меси

Атлетико Мадрид - Баерн Минхен и ПСЖ - Манчестер Јунајтед се двете најатрактивни осминафинални битки во следната фаза од Лигата на шампионите. Незгоден противник доби и италијанскиот шампион Интер.

Во седиштето на УЕФА во Нион како и често пати на пладне, беа извлечени двојките за осминафиналето во ЛШ кое е закажано за февруари следната година.

Ел Чоло нагази на ултра тешка мина во Минхен, а Кристијано Роналдо и другарите ќе се соочат со најатрактивното напаѓачко трио Меси - Мбапе - Нејмар.

Стандардните две правила се дека во првото коло од нокаут фазата не можеа да се сретнат екипи кои беа во иста група, како и екипи од иста земја.

Осминафинални парови:

Бенфика - Реал Мадрид
Виљареал - Манчестер Сити
Атлетико Мадрид - Баерн Минхен
Салцбург - Ливерпул
Интер - Ајакс
Спортинг - Јувентус
Челси - Лил
ПСЖ - Манчестер Јунајтед

Првите осминафинални натпревари се закажани за 15, 16, 22 и 23 февруари, додека реваншите ќе се играат на 8, 9, 15 и 16 март 2022 година.

Голем гаф на УЕФА на сред ждрепка со Манчестер Јунајтед

УЕФА ја повтори ждрепката и донесе три супер пресметки

13 декември 2021 - 12:12