Драгоцени 54 секунди од првиот натпревар на Македонија на Градски

Крањ е историски потсетник за стартот на македонската фудбалска репрезентација на кој се навраќаме во разни пригоди, но пет месеци подоцна, нашиот национален тим го одигра вториот меч со кој ги удри темелите дома. Пак е Чоко протагонист, ама овој пат со еврогол.

Коронава ни ги замрзна работните обврски со тековен спорт, ама не отвори да патуваме низ историјата на која е убаво да се потсетува човек. Уште поубаво е што постои нешто што се вика архива, без која не се може во вакви моменти.

Иако се работи за вториот официјален натпревар на Македонија по осамостојувањето, сепак имаме доста сочувано видео парче и тоа со мастрав кој е скроз доволен за гледање. Можеби е и малку, ама атрактивно е

После дебито на гости во Словенија, овој пат домаќини бевме ние, повторно на пријателска средба со истиот противник. Таму тепавме 1:4, дома 2:0. Градски крца со 20.000 публика, а гостинот е решен со голови во 2-ра и 20-та минута. Стрелци Жарко Серафимовски и Зоран Бошковски.

И двата гола се од одлично изградени акции, особено вториот на кој завршницата е лудило. Топка со очи на Драган Канатларовски Цара и волеј на Чоко кој не го брани ни Шмајхел.

Според некои мислења, оваа генерација е најдобра откако ни постои репрезентацијата.