Таг: фудбалска репрезентација на словенија

Реми на Македонија во одлична најава за Европско првенство

На Арената „Тодор Проески“ конечно после 2 години пред 10.000 навивачи, македонската фудбалска репрезентација имаше водство против Словенија до самиот финиш кога Словенците израмнија на 1-1. Рутинска и зрела игра како најава за добар турнир летово.

Продавал хармоники и имал црн појас по карате - приказната за Словенецот кој ја води УЕФА

Со својот веќе поставен систем, УЕФА и нејзиниот прв човек Александар Чеферин успеаа да се одбранат од нападите на планираната Суперлига која што ја поддржаа 12 клуба па повеќето се откажаа од неа.

Словенечки селектор со спартански методи - јавноста во Словенија запрепастена

Не им дава да слават голови, нема спиење во автобус, во хотел вратите да бидат отклучени и ред други работи поради кои младинците на Словенија барале тој да си оди. Ама човекот на 15 меча има само 2 порази.

Драгоцени 54 секунди од првиот натпревар на Македонија на Градски

Крањ е историски потсетник за стартот на македонската фудбалска репрезентација на кој се навраќаме во разни пригоди, но пет месеци подоцна, нашиот национален тим го одигра вториот меч со кој ги удри темелите дома. Пак е Чоко протагонист, ама овој пат со еврогол.

Кога бил бебе го убиле татко му, во 2018 имаше тешка болест, сега е јунак на Аталанта

По неверојатниот триумф на клубот од Бергамо во 1/8 финале на Лига на шампиони, најголемите спортски медиуми го величаат Јосип Иличиќ, репрезентативецот на Словенија кој има баш тешка животна приказна и фудбалска кариера.

Како факс му го зезнал трансферот на Словенец во Италија

Миха Мевља е словенечки висок, крупен, снажен стопер кој од Зенит требаше да премине во италијанскиот прволигаш Емполи и да почне да гради кариера на Апенините. Но трансферот му пропаднал поради факс.

Во Словенија купуваат играчи преку ЛинкдИн

Тренерот на Домжале, познат словенечки прволигаш, ја одбрал познатата социјална мрежа од светот на работата за да најде нов офанзивен бек за екипата.

Кариерата на пргавиот Словенец Златко Заховиќ

Најдобриот словенечки фудбалер во историјата важеше за човек што секогаш ќе го каже тоа што другите не сакаат да го слушнат. Во тоа се уверија Русите среде Москва.