Денот кога за прв пат заигра легендарното трио

Манчестер Јунајтед на денешен ден пред точно пред 52 години му гостуваше на Вест Бромвич Албион, а во прв состав во формација 4-2-4 ги имаше Џорџ Бест, Денис Лоу и Боби Чарлтон. Сите тројца се запишаа на листата на стрелците и станаа најдобри во Европа.

Во напаѓачката линија од четворица Лоу играше централно во шпицот, Бест десно, а Чарлтон зад нив во линијата каде формациски биле поставени двајца.

Со појавата на овие епски имиња за клубот се сметало дека тоа е најсилниот Манчестер Јунајтед кој до тогаш се појавил на терен. Лоу постигнал два гола, а Бест и Чарлтон по еден за конечна победа од 4:1.

Овие тројца легенди заедно имаат постигнато 667 голови за Манчестер на сите натпреварувања.  Лоу и Бест играа по 11 сезони и освоија по шест трофеи, а Чарлтон остана 17 сезони и освои девет трофеи.

Сите успеаа да го освојат признанието за најдобар играч во Европа. Лоу во 1964-та, Чарлтон во 1966-та и Бест во 1968-ма. Најголемото достигнување е тоа што Манчестер Јунајтед го направија прв европски првак од Англија во 1968 година.

40 години по европската титула им направија споменик на Олд Трафорд.

18 јануари 2016 - 16:02