Данокот кој го плаќаат клубовите од турбо репрезентативниот фудбал

Убаво ни доаѓаат мундијалските квалификации за промена од клупски фудбал, ама сега прашајте ги тренерите како им е, особено во поголемите клубови кои се полни со репрезентативци. Од згуснатиот распоред кај играчите доаѓа до разни болки од удари, модринки и пред сè до проблеми со истегнати мускули.

Ситуацијата во Италија не е баш поволна кај големите клубови и тоа очи на 13. коло во кое се паднаа три јаки пресметки: Лацио – Јувентус, Фиорентина – Милан и Интер – Наполи.

Сите овие екипи имаат по некој повреден кој се вратил по завршувањето на репрезентативните обврски, а најмногу проблеми се чини дека има Симоне Инѕаги.

НАПОЛИ

Лучано Спалети во тимот има 14 репрезентативци и тој за разлика од колегите мина најдобро со повредени играчи. Само Грана Деме не му е во комбинација бидејќи закачил Ковид, а Адам Оунас е неизвесен и не играл за Алжир на мечот Бурина Фасо поради проблем со мускулот.

МИЛАН

Стефано Пиоли има нејасна ситуација околу тоа кои ќе му бидат стартери на крилните позиции. Проблеми со мускулите имаат Калабрија и Бало Туре за кои нејасно е дали ќе бидат спремни за саботниот дуел во Фиренца.

ИНТЕР

Интер за дуелот против Наполи ќе биде без Стефан де Врај кој се повреди на мечот против Црна Гора. Можно е да го пропушти и дуелот од ЛШ против Шахтјор. На мечот меѓу Чиле и Еквадор во 36 минута играта поради повреда ја напушти Алексис Санчез, а Лаутаро Мартинез доби удар и не го одигра второто полувреме против Бразил. Симоне Инѕаги има уште неизвесности пред тешкиот дуел во недела, бидејќи не се во најдобар ред ниту Џеко и Бастони. Напаѓачот на БиХ не играше на дуелот против Финска.

ЛАЦИО

За време на подготовките на завршните квалификациски средби, Клаудио Лотито имал жестока размена на зборови со медицинскиот тим на Италија поради повреда на Чиро Имобиле на палецот. Ја напушти репрезентацијата уште по првиот тренинг, а неизвесен е и за дуелот со Јувентус. Адам Марушиќ има корона која ја фати од репрезентативните колеги.

ФИОРЕНТИНА

Николас Гонзалес не настапи за Аргентина, но по 20 дена има негативен тест. Erik Пулгар не е сè уште фит и не настапи ниту за Чиле против Еквадор. Јусеф Малех од Мароко има проблеми со грбот и рамото, а Настасиќ има болки на палецот.

ЈУВЕНТУС

Бернандески нема да му биде на располагање на Алегри до крајот на овој месец поради повреда на мечот Северна Ирска – Италија. Тој му се приклучи на Кјелини кој сè уште е отсутен и не беше во комбинација ниту за репрезентативните настапи. Двајца играчи на Јуве се повредиле на дуелот Уругвај – Аргентина, кои не се знае дали ќе можат да настапат против Лацио. Тоа се Бентакур и Дибала.

18 ноември 2021 - 14:04