Да си ја сошиете мрежата и да ми го признаете голот

Понеделник обично е тапа ден за фудбал, ама не и за Турците. Ризеспор и Бешикташ одиграа натпревар со дури 9 голови, а за прв пат стигна помош од ВАР поради скината мрежа. Три евроголови за гледање од кои два на Љаиќ.

Бешикташ го совлада Ризеспор на гости со 2:7 и поради несекојдневната ситуација на еден прволигашки фудбалски натпревар одиме прво со седмиот гол на гостите и последен на мечот.

Го постигна Гувен Јалчин кој оствари хет-трик, но судијата беше тотално збунет и мислеше дека топката не е влезена во гол. 20 годишниот турски напаѓач постигна неодбранливо голчиште во агол, но мрежата попушти, па голот беше признаен по ВАР снимка.

Убаво е да се види цела голеада. Фантастична партија за Бешикташ имаше и Адем Љаиќ кој постигна два јаки гола, од кои едниот од слободен удар, а имаше и две асистенции. По еден гол запишаа Домагој Вида и Бурак Јилмаз.

9 април 2019 - 09:08