Да поиграм во Тафталиџе со другарите додека не почнала Бундеслигата

И покрај тоа што е член на Штутгарт, а цела Европа го виде и на Европското првенство каде дебитираше со Македонија, сепак Даре не заборава од каде потекнува.

По настапите со македонската репрезентација на ЕП, Дарко Чурлинов е на одмор во родниот град Скопје, а слободните денови ги искористи да сврти некоја партија фудбал со другарите.

Облечен во дресот на Штутгарт и тој и неговата маалска екипа, Дарко играше фудбал во Форца, клубот каде почна да се кали под водство на славниот вардарец Јовче Џипунов.

Откако тренираше во Форца, тој помина и низ младинскиот погон на Работнички и Вардар сè до својата 14-та година.

Потоа се пресели во Германија во школата на Ханза Рошток, pa беше дел од вториот, па od првиот тим на Келн, а од јануари 2020-та игра за Штутгарт, кој е петкратен првак на Германија.

На 16 години и 8 месеци Мрме му даде шанса да дебитира за Македонија на пријателската против Белорусија и со тоа стана најмлад играч кој заиграл во македонската репрезентација.

Потоа го зема и на ЕП 2020, каде солидно ја искористи дадената минутажа, а четири дена пред да патува за Букурешт го постигна и деби голот на контролниот меч против Казахстан.

29 јуни 2021 - 15:31